Јелена Карлеуша откри каков е нејзиниот однос со Марија Шерифовиќ по дисквалификувањето на Вања Кнежевиќ.
Имено, по дисквалификацијата на нејзината кандидатка, Марија се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека сите претерале.
Таа изјави дека Вања не требало да го објави спорното стори, но и дека Карлеуша претерала со нејзините реакции и се можело да се смири на мирен начин.
По оваа објава на Шерифовиќ, реагираше и нејзината колешка Карлеуша која истакна дека доколку станува збор да ја брани Марија и нејзиното семејство би била во прв ред. Потоа, Јелена ја отследи Марија од социјалните мрежи.
Во понеделникот започна снимањата на петиот круг од музичкото шоу, а многумина се прашуваа како ќе се однесуваат Јелена и Марија. Според објавените објави меѓу нив се е во најдобар ред.
Карелуша за телеграф. рс проговори по целиот скандал и откри каков е односот со нејзината колешка и пријателка.
„Марија е многу емотивна, реагира имплусивно, како да кажам, се труди да биде добра и со едната и со другата страна. Таа не може да поддржи и не поддржува повик за насилство над моите деца и тоа го кажа во она видео. Секако, таа ми се извини на убав начин и ги решивме сите несогласувања“, изјави Карлеуша.
Исто така, Јелена најави дека ќе поднесе тужба против Вања Кнежевиќ, но сега се откри дека се предомислила и нема да ја тужи кандидатката.