Радио Милева вербален рафал

Јелена Карлеуша на „К1 ТВ“ отвори душа и го истури сиот отров: „Се’ што беше снимено годинава не стана хит и не знам ниту една песна од тие пејачи, зашто сето тоа е ѓубре“

Јелена Карлеуша на „К1 ТВ“ отвори душа и го истури сиот отров: „Се’ што беше снимено годинава не стана хит и не знам ниту една песна од тие пејачи, зашто сето тоа е ѓубре“

Јелена Карлеуша, неодамна во Белград на вода, одржа спектакуларен концерт на кој ги претстави песните од нејзините нови два албума „Алфа и Омега“. Поп дивата си ја отвори душата но и го истури сиот отров во ексклузивно интервју во емисијата „Први ред“ на телевизија К1 ТВ:

„Ова се вика шоубиз шлаканица. Снимив видео, кое ги заменува сите видеа на сите изведувачи. Заедно, тие не можат да ми се приближат во однос на продукцијата на видеото „Karly b*tch“, кое е од светска класа. Секогаш сум повеќе за квалитет отколку за квантитет. Која е поентата да се снимат десет идиотски видеа без заплет, без поента, а никој никогаш ниту едно од нив да не спомне. Ова видео направи револуција, каде луѓето го имитираат, прават „Карли џус“, печатат маици, ги копираат костимите од видеото. Тоа видео го дефинираше целиот идентитет на еден албум“ – изјави меѓудругото белградската поп-фолк дива.

 

По објавувањето на песните, некои локални пејачи немаа пофални зборови и со „нож“ го чекаа излегувањето на албумот. Како што истакнува, ваквите коментари не ја засегаат, бидејќи повеќето од нив не можат ниту да и пријдат, а камоли да постигнат таков успех.

„Кои се луѓето кои коментираат некој што е во оваа работа 30 години?! Кога ќе влезете во нивниот профил, ќе видите дека тие се неуспешни, мали, безначајни, грди луѓе, кои мразат се што ќе излезе од нивната грда, црна, темна слика. Тие едноставно не можат да ме допрат, бидејќи тие навистина се никој. Не по успех, талент, кариера, љубов, сила, убавина, интелигенција. Се’ што беше снимено годинава не стана хит“ – изјави Јелена, а потоа во нејзин манир ја коментираше песната на Александра Пријовиќ „Дам, дам, дам“.

„Тоа е 2001 година за мене. Девојката е одлична, сите тие ‘Ѕвезди на Гранд’ се одлични, но сето тоа е ѓубре. Ние треба да одиме понатаму и да имаме светско продукција, а никако да се враќаме во 2001, 2003 итн. Не знам ниту една песна од тие пејачи. Можам само да ја издвојам Милица Павловиќ, таа ми е одлична. Таа годинава сними голем хит, а тоа е песната „Машала“. Милица работи напорно и вложува во себе, а другото е ѓубре“ – додаде Јелена испукувајќи вербален рафал по колегите од естрадата.

Фото: Инстаграм/karleusastar

To top