Јелена Карлеуша не може да живее без да провоцира или шокира со своите изјави, скандалозно однесување, шокантниот изглед… Овј пат русокосата „рибетина“ денот го мина покрај базенот, престорена во сирена. Не, не шега, ниту некаков костим за маскенбал среде лето, туку Карлеуша го послуша својот тим, па одбра ваква модна комбинација за да ја сними новата реклама за една позната спортска обложувалница.
Затоа Карлеуша се костимириша во стилот на познатата сирена Ариел од анимираните филмови на Дизни, па задоволно шлапкајќи си ја својата вештачка опашка во базенот, беспрекорно си ја заврши работата, најавувајќи го она за што е веројатно „мрсно“ платена.
Како се снаоѓаат сирените во вода сите знаеме, но како успеа да доплива рускосата „риба на суво“ вака костимирана до базенот, беше прашањето што сите си го поставија? Одела на раце или ја донеле во нечии раце?
Одговорот го даде нејзиниот ПР менаџер, Зоран Бирташевиќ, кој и буквално го понесе најголемиот товар на снимањето – Карлеуша в раце!
Коментарите под фотографиите како и обично – од крајност во крајност.
Членовите на нејзиниот фан клуб Карлеуша ја опишаа само со еден збор: „Рибетина“…
Додека оние што „не ја можат“, најмногу сакаат со „нула да ја множат“, па и за оваа прилика имаа свој коментар: „Сирената Ариел… на апарати“!