Радио Милева

Јелена Карлеуша јавно му се извини на Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша јавно му се извини на Душко Тошиќ
фото: дактило

Почетокот на 2019 година започна скандалозно за Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Имено, по Божиќ во медиумите почнаа да се појавуваат вести дека наводно парот се скарал за нова година, но и дека пејачката го изневерувала сопругот со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.

Во медиумите се појавија екслпицитни фотографии кои наводно Јелена ги праќала на Врањеш.

Оттогаш Карлеуша беше во центарот на вниманието на српските медиуми, па секојдневно можеше да се прочитаат и разни приказни и написи.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/beshe-kratka-ama-jasna-karleusha-za-prvpat-se-oglasi-po-povod-razvodot-od-dushko-toshikj/

Во медиумите неколку пати се шпекулираше дека Душко и  Јелена се разведуваат.

фото: Принтскрин/инстаграм/душкотошиќ

Карлеуша ги демантираше сите пишувања, а поднесе и тужби против српските медиуми и против самиот Врањеш.

Јелена сега јавно му се извини на сопругот и истакна дека се гордее со него.

фото: Принтскрин/инстаграм/карлеушастар

„Се гордеам со Душко, испадна голем господин. Така се игнорираат глувците. Од него треба да учите. Заслужи почит и големо извинување за пеколот низ кој помина заради мене во медиумите“ напиша Јелена.

фото: Принтскрин/инстаграм/карлеушастар

За потсетување, Душко и Јелена неодамна се преселија во новата луксузна вила за која платија 2 500 000 евра.

Останати вести од Радио Милева