Јелена Карлеуша и Тијана Дапчевиќ беа гости на скриената камера, а шоуто во тоа време го гледаа голем број луѓе и емисијата се издвојуваше како една омилените на народот.
Јелена и Тијана во таа епизода симулираа ситуација кога авионот паѓа во вода, а дијалогот од авионот ги доведе до солзи гледачите.
„Како тоа паѓаме во вода“ – праша Јелена?
„Јелена престани“ – ја прекина исплашената Тијана, па праша: „Дали е овде дозволено да се пуши“? – очигледно сакајќи да се смири со тоа што ќе запали цигара.
„Па, зависи кому?“ – и возврати Карлеуша и прсна во смеење!
Во продолжение, Јелена го раскажа настанот со скриената камера од авионот и истакна дека Тијана се расплакала од страв, а Карлеуша цело време се шегувала со неа дека барем ќе умрат како sвезди… До душа, некоја како поголема, (алудирајќи на себе), а некоја како помала.
Погледнете го видеото со скриената камера од „авионот што паѓа“: