Бидејќи напорно работеше на својата линија во изминатиов период, Јелена Карлеуша реши во секоја прилика да ја истакне својата фигура, а нејзиниот Инстаграм е најдобриот начин таа, тоа да им го покаже на своите фанови.
Рамно стомаче, бујни гради, вита става и тенок струк, сето ова целосно доаѓа до израз заедно со нејзиниот неодолив сексапил во последната, необична модна комбинација на пејачката.
Имено за време на престојот во Виена, Карлеуша на себе облече црно – бел или поточно „црно-гол“ костим кој беше еден вид боди со хеланки.
Половина црно-бело, половина голо тело… И кога така променета фолк дивата се прошета низ хотелските ходници и кулоари, ретко кој можеше да и одолее на нејзината магија и шарм. И однапред и одзади, Карлеуша знае како да ве запали.
Згодна како од модна писта, со манекенски „cat walk“, Карлеуша секогаш умее да Ви го одземе здивот. Погледнете и како и зошто?