Пејачката се пофали дека од сопругот Душко Тошиќ добила вила во Белград која вреди милиони. Карлеуша често сака да истакне дека има згоден и успешен маж, а сега се пофали со неговото богатство.
-Многу сум благодарна на сопругот, бидејќи се што заработив го потрошив на крпи , семејството,пријателите, вложив во кариерата… Да е на мене, би живееле во една голема гардероба, би продавале обувки, би палеле обувки за да се згрееме, вели низ шега Карлеуша за српски Курир.
Пејачката вели дека Душко паметно вложува во недвижнини и дека тој е задолжен за семејството да живее убаво.
View this post on Instagram
-За мене е скандалозно што луѓето во Србија критикуваат кога мажот ќе и купи на жената нешто како на пример куќа. Па, таа е мајка на неговите деца. Но, народот е огорчен, ме нападнаа поради шегата со парите кои не се вистински и кажаа дека е подобро да ги дадам во хуманитарни цели. Луѓето немаат пари, се надевам дека еден ден ќе биде подобро, вели Јелена.