Целиот свет периодов се соочува со предизвик, проблеми на кои изгледа не им се гледа крајот. Имено, новиот вирус корона кој веќе неколку месеци трае ширум светот, никако да си замине, туку напротив се повеќе зема замав и брзо се шири.
Бројките на заразни и на жрвтвите се зголемуваат, но се зголемуваат и бројките на оздравените.
Надлежните препорачуваат да се остане дома бидејќи тоа е најдобриот начин да престане да се шири вирусот.
Меѓутоа, тоа како да е малку, па вчера во Загреб освен коронавирусот беше почувствуван земјотрес од јачина од 5,5 степени по Рихтер.
Овие силни потреси ги принудија граѓаните кои и се борат со короната да излезат на надвор, а улиците биле полни со руинирани фасади, тули и други материјали.
Страшни се снимките, фотографиите од Загреб, а многумина од регионот се огласија со поддршка за жителите истакнувајќи да останат силни.
Македонската актерка Јелена Јованова која имавме прилика да ја гледаме во серијата „Преспав“ во улогата на Јелена од Драчево, живее во Загреб.
Таа прво на својот „Фејсбук“ се огласи и напиша:
„Добро сме, благодарам што пишувате“, а потоа додава:
Има. Има сеуште добрина!
Дури и онаа што е закопана во ваков момент еруптира/избива/присуствува.
Немоќни сме против нештата што не се во наша контрола.
Но зошто се правиме немоќни за нештата на кои можеме да влијаеме?
Денес Загреб се разбуди во злокобно немоќно зуење!
Денес жени се породуваа во автомобили!
Денес луѓе останаа без домови!
Но денес луѓе помагаа на луѓе!
Се ретчиме! А толку многу си требаме едни на други!
Тргнете го презеот што ви ја покрива одговорноста/солидарноста/совеста!
Победете го стравот кој ве мами да се чувтвувате стигматизирани ако сте заразени.
Кој ве тера да лажете деке не сте биле во контакт со некој кој е и ве турка кон рушење на самоодговорноста!
Дозволете си да си помогнеме! Од нас зависи!
Фала ви уште еднаш на сите што пишавте – јас сум богат човек зашто ве имам. Ве имам многу!
Ве гушкам од Загреб кој се бори и не се предава“; напиша Јелена на социјалните мрежи.
Под објавата се нижеа зборови за поддршка, да се чуваат и да си помогаат.
За потсетување, Јелена веќе неколку години живее во Загреб каде што се омажи за актерот, нејзиниот колега Стјепан Периќ.