Откако Јелена Карлеуша во интервју за „Стори“ во свој стил ја „допре“ врската со сопругот Душко Тошиќ, поранешниот фудбалер објави порака на Инстаграм која многумина ја протолкуваа како своевиден одговор.
Дали Јелена и Душко ќе се разведат или не, е дилемата која долго време ја заинтригира јавноста. Дали креативната работа на новите албуми и помогна на музичката ѕвезда да го надмине сето она што се случуваше во изминатиот период?
‒ Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана што не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа има песна „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Се што набројав ме направи толку силна – изјави Јелена за новиот „Стори“.
Изгледа дека Душко не остана имун на зборовите на сопругата, па многумина веруваат дека и посветил објава на својот Инстаграм.
„Тој што треба да понижи некого за да се издигне себеси е мизерен“, го цитира Тошиќ славниот Иво Андриќ.
„Тој е сиромашен човек на кој таблоидите му се поважни од неговото семејство. Непознат автор- се дополни Карлеуша делумно со слични зборови.
фото:Instagram printskrin