. Јелена Ѓоковиќ со години е веган, но на општо изненадување откри дека се одлучила на ваков начин на исхрана бидејќи немала доволно пари за квалитетно месо.
Сопругата на Новак објасни дека станала веган во студентските денови:
– Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом со кујна. Така што веганството почна од мака – изјави Јелена.
Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.
– Бев голем јадеч на месо, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот буден, со енергија, здрав – рече таа и додаде дека важен е и начинот на подготовка на храната.
– Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви – заклучи Јелена Ѓоковиќ во таа прилика во емисијата „Што сум јас за тебе и која сум јас за себе“.
фото:Инстаграм принтскрин