Твитер заедницата која важи за интелектуално крило на социјалните мрежи, жестоко ја нападна и осуди последната постапка на Јелена Карлеуша, која се огледа во една фотографија од нејзината ќерка Атина објавена на Инстаграм. Додека малечката се кити позирајќи со розовите пердуви и Мини Маус кацигата на мајка и од последниот настап, во аголот се гледа Душко Тошиќ потпрен на шанкот и до него нивната куќна помошничка како мие садови во маичка на која понижувачки и пишува: „Персонал“!
Ваквото поразително жигосување на вработената жена твитерџиите го осудија и други и се изнасмејаа на фолк дивата дека е без елементарна култура и чувства…
„Се тресам од Карлеуша што на куќната помошничка и пишува „Песросонал“ на маичката… какво изживување, нешто кон што тежнеам„ – напишал со подсмев еден од твитерџиите.
Ниту другите не останале покуси во коментарите кои со подсмев ја ругаат фолк дивата од типот: „Топ е тоа што куќната помошничка ти носи маичка со натпис Персонал… Врескам“!
Само малкумина биле оние што ја бранат или оправдуваат Карлеуша за ваквата постапка. Останува да видиме дали таа ќе се јави со свој коментар или ќе одговори на нападите.
Фото: Ненад Вујановиќ/ Твитер