Фотографијата на која Даниел Кајмакоски на снимањето на „ТЛЗП“ ги држи рацете во положба на двоглав орел, симбол на Албанија наиде на многу негативни коментари и критики.
Тој се огласи преку својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека не било намерно и не знаел дека тоа е симбол на Албанија.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-sluchuvanjata-vo-tlzp-daniel-kajmakoski-so-javno-soopshtenie-ja-obelodeni-vistinata/
Токму овој потег предизвика рекации и кај неговите колеги кои имаат различни мислења.
Ненад Кнежевиќ Кнез со кој исто така се натпреварува во шоуто, како и Слаѓа Делибашиќ му дадоа поддршка верувјаќи дека погрешно е сфатен од јавноста.
„Ако тоа е намерно, тоа е страшно. Го познавам момчето и знам дека е фин, знам какви ставови има. Веројатно сакал да направи некоја фора, не знаејќи што ќе направи. Ако сакал да провоцира, тогаш е за осуда. Но се сомневам, тој не е таков“ вели Делибашиќ, а слично мислење има и Кнез кој вели:
„Човекот ги покажуваше лакираните нокти. Во моментот кога рацете му беа во таа положба го фотографираа. Даниел е опериран од политика, а освен тоа тој е македонски православник кој живее во Ниш. Вчера беше многу депримиран поради целата ситуација“ изјави Кнез.
Пејачката Драгана Радосављевиќ Цакана истакна дека не го познава Даниел, но го осуди неговиот гест.
„Не знам кој е тој Даниел, но секако е срамно“ изјави пејачката.
Иван Гавриловиќ исто така остро го осуди Даниел.
„Автоматски да се исфрли. До кога ќе има толеранција за проблематичните личности од регионот кои доѓаат во Србија да земаат пари од наши граѓани?,вели Гавриловиќ.
Пејачката Зорица Марковиќ порача дека треба да се срами.
„Ако веќе се прослави во нашата држава, треба да се срами. Се однесува некоректно кон Србија каде што моментално се наоѓа. Сепак, ние сме држава со отворено срце, простувавме и полоши зборови и гестови, па зошто не и ова“ вели пејачката.
Александар Станимировиќ вели да му се забрани влез во Србија.
„Како Србин и државјанин на Србија, ова не ми е пријатно.Треба да му биде забранет влез во нашата држава. Навистина сум шокиран“ вели клавијатуристот на „Амадеус бенд“.
За потсетување, продукцијата „Emotion“ се огласи по овој скандал истакнувајќи дека Даниел немал намера да некој навреди и испровоцира.