Многу јавни личности од целиот регион и светот ги повикаа луѓето да останат дома, бидејќи коронавирусот станува се посериозна закана за здравјето и животот насекаде низ светот.
Од друга страна, пејачот Ѓеоргије Ковачевиќ, кој беше запаметен кај публиката и ТВ гледачите како „свештеникот“ од „Ѕвездите на Пинк“, им испрати тотално контра порака на своите следбеници.
Пејачот објави фотографија на која е разголен и со напишана контроверзна порака која многумина, зачуди и ги шокираше:
„Излезете од дома“!?
Ова е неговото објаснување зошто им испратил ваква порака на своите следбеници:
„Не ме напаѓајте веднаш, прво прочитајте ја. Отсекогаш сум бил противречен и така овој пат. Сите не задеси период кога сме помали од зрно афион. За прв пат во нашите животи ние учиме како да ги миеме рацете, и како е да се биде мал алчен глушец, кој го влече и она што не му треба во својата дупка. За прв пат им аплаудираме на нашите лекари кои ни го спасуваат животот затоа што сме исплашени за својот газ. Зарем и нашите пожарникари, војници и пекари не заслужуваат аплауз? За прв пат во животот, некои луѓе ги запознаваат своите деца затоа што досега немале можност. Нашите дедовци и баби се немоќни и стари за прв пат? Досега не им требаше помош? Ние ја затвораме црквата затоа што веќе не веруваме во моќта на црквата и молитвата, затоа што црквата стана само место за нас да се изразиме дали сме Срби, Хрвати, Муслимани итн. Се прашувате зошто напишав да ја напуштате куќата? Затоа што ние сме контрадикторна нација и кога некој нешто ни брани, ние тоа го правиме за инает. Затоа слободно излезете од дома“ – порачува Ковачевиќ на Инстаграм.