Во „Ѕвездите на Гранд“ секоја година се појавуваат нови кандидати кои си ја пробуваат среќата во музичкото шоу и се трудат да започнат музичка кариера.
Секоја сезона има натпреварувачи од државите од екс Југославија, а ова година 2021/2022 се натпреваруваат кандидати кои досега никогаш не се појавиле на музичката сцена.
Во последната емисија на музичкото шоу, во саботното издание настапуваше и ќерката на познатиот музички пар, Биљана и Борис Димови, Сања Димова од Струмица.
Сања е студент на Музичка академија, а својата среќа си ја проба и во популарното музичко шоу.
Таа се престави со песните „Судбо моја“ и „Опет имам разлога да живим“, па освои пет гласа од жирито и еден глас од продукцијата.
„Одлична си“, прокоментира Цеца, а Саша Поповиќ истакна дека поддршка на Сања се нејзините родители кои се популарни во Македонија и порача дека е штета што не се натпреваруваат во „Никогаш не е доцна“.
Димови запеејаа во бекстејџ, па јавно е од кого Сања го наследила талентот за музика.
Сања ја одбра Цеца да и биде менторка, па двете заедно ќе соработуваат во следниот период.
„Верувај ми душо, ќе ти добро“, и порача Ражнатовиќ.
Настапот на Сања може да го погледнете во видоето подолу на 1:50:35.
Инаку, Биљана и Борис Димови повеќе од 20 години фунцкионираат како музички брачен пар кој со години заедно гради музичка кариера во која забележаа фестивали успеси и беа јавно експонирани како дует кој пее убаво и музиката е нивна територија и јазик со кој најубаво се изразуваат.