Радио Милева жирито му симна капа

Јасмин Алиевски повторно „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ иако пееше само македонски песни! (ВИДЕО)

Јасмин Алиевски повторно „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ иако пееше само македонски песни! (ВИДЕО)

Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е „зрел“ кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата.

Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“.

Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот кандидат:

„Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка“ – искоментира Мили.

„Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа“ – искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен.

Погледнете го неговиот настап (КЛИКНИ ТУКА):

To top