Промотер

Јасмин Алиевски по одличниот настап на „Макфест 2023“ има песна и за “Гранд“ – „Па како буде“ (ВИДЕО)

Јасмин Алиевски по одличниот настап на „Макфест 2023“ има песна и за “Гранд“ – „Па како буде“ (ВИДЕО)

Минатогодишниот учесник во „Ѕвездите на Гранд, Јасмин Алиевски по одличниот настап на годинешниот „Макфест 2023“ впечатливата балада „Се смеам и кога врне“ одново  ја воодушеви публиката.

Овој пат со новата песна отпеана на српски јазик, наречена „Па како буде“.
Иако не се пласираше во финалето на натпреварот, младиот пејач ја продолжи соработката со Гранд продукција преку која сега се закити со првата песна.

„И ми се допаѓа допирот на нејзините вжештени усни, па нека бидам оставен, брука нека пукне. Боже, само дај ми здравје, да се завијам во прегратка, па како ќе биде, нека биде – се пее во рефренот на новата песна.

Песната ја придружува визуелизацијата во вид на спот кој е снимен на повеќе локации, а на снимката се појавува девојка која ги освои срцата на публиката.

Режисер на видеото е нашиот познат видеомејкер, Даниел Јовески, додека комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е Амил Лојо.

Да потсетиме, Јасмин минатата сезона настапуваше за тимот на Ѓорѓе Давид, а еден од неговите настапи остана запаметен кога пееше со температура и трескаВо една прилика за  Гранд порталот зборуваше за работата со ментор, а во таа прилика призна дека многу научил од Ѓорѓе.

„Пробите со Ѓорѓе се одлични.Тој е феноменален ментор,  вежбаме, избираме песни. Навистина го мислам најдоброто од него, не затоа што сум во неговиот тим. Некако е многу посветен на работата како ментор – изјави еднаш за Гранд.

Погледнете го видеото и слушнете ја новата песна на Јасмин Алиевски, „Па како буде“ во продолжение:

To top