Фолк-пејачката Тања Савиќ (38) призна дека многу од нејзините песни кои ги објави во последните неколку години имаат приказна која ја доживеала во приватниот живот.
Во текстот се гледа каков брачен живот имала, а, како што истакнува, песните „Сироче“ и „Сине“ се целосно биографски.
За време на снимањето на спотот за втората песна, таа се расплака и тоа пред целата екипа.
– И двете песни се некако биографски, морам да кажам дека сите мои песни некаде имаат примеси на биографија. Ако јас не почувствувам дека тоа сум гопреживеала во песната, не можам да ја пеам, како сите уметници. Не можам да отпеам нешто што лично не го доживувам, има некоја вистина таму – рече Тања за тоа и додаде:
– Во однос на песната „Сине“ ќе ставев уште многу, но песната трае само три минути, таа граница ја имаме…
Да потсетиме, Тања неодамна замина на зимување во Бугарија, а престојуваше во ски-центар. Друштво и биле нејзините синови за кои е многу приврзана, како и нејзиниот нов партнер Мухамед Муки Бешиќ и пријателите.
фото: принтскрин/инстаграм/tanja_savic_private