Промотер

Јас сум тука, Тони Зен – „Сум“ (ВИДЕО)

Јас сум тука, Тони Зен – „Сум“ (ВИДЕО)

Тони Зен неодамна го објави својот шести соло-албум „Од изворот на изборот“, од кој веќе имавме можност да слушнеме две песни: „Коан“  и „Градот липа“, а сега на ред дојде и можеби најсуштинската тема која одлично го опишува музичарот и сите негови „лица“. Токму тоа го сугерира и самиот наслов „СУМ“, чии стихови, секако, се дело на Тони, а музиката му е заедничка со Кирил Бабамов.

Сето тоа визуелно го долови екипата на продукцијата „Мелем“, а во видеото се појавуваат голем дел од неговите колеги и соработници од целата досегашна кариера, вклучувајќи ја екипата на „Токсикологија“.

„Сум дромец, сум другарот Македонец, сум тука, дворски шут у мојот дворец, сум флека, цела екипа сосе тонец“, рапува Тони, алудирајќи и на бендот „Флека“, а во рефренот сумира: „И кога ритамот те движи, јас тој сум – рап и фанк и џез и блуз – овој сум! Јас сум постојано низ ритам, во ритам!“

Сè на сè, „СУМ“ е одличен спој на сето она што изминативе години го слушавме од Тони Зен, но во мошне позрело издание, како што и доликува и се очекува од музичар што се менува и созрева, но останува верен на својата суштина.

Извор:РадиоМК

To top