Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот автор и изведувач Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како „Јас и Ти“:
„Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе.
Таа е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така што и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман) што ја насловив ‘Јас и Ти’. Музички аудио продуцент е Љупчо Павловски, а аудио продукцијата и снимањето на песната беа направени во студиото ‘Анастасија’ во Скопје.
Исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим, со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е „By Zati”.
За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта…
Проследете го и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица.