Кија Коцкар по три години првпат проговори за раскинувањето на Луна и Слоба откако бившиот сопруг ја изневери во првата сезона на „Задруга“.
Луна и Кија важат за големи „ривалки“, иако Ѓогани ужива во бракот со Марко Миљковиќ со кој има ќерка.
Коцкар вели дека не сака повторно да зборува на таа тема, но дека ќе одговори на провокациите. Таа вели дека и простила на Луна што нејзиниот сопруг ја изневери со неа, но на Анабела никогаш нема да и прости.
-Таа започна со приказната, а испадна дека сум јас. Најверојатно како повредена жена немам право што да кажам, а сите други имаат. Но, добро. Јас на Луна и простив, но не заборавив, додека на нејзината мајка ниту простувам, ниту заборавам бидејќи таа одлично знаеше што прави. Луна беше млада, имаше право на свој живот. Јас заради себе сакав да ја завршам таа приказна, вели Кија за „Свет“.
-Третата страна, односно мојот поранешен сопруг најмногу беше виновен. Тој со години ми кажуваше бајки, а на неа со месеци. Но, и сознананието зошто ја оставил и неа ми беше изненадувачко, вели Кија.
Иако јавноста не ја знаеше вистината, Кија првпат откри која е вистинската причина за раскинувањето на Луна и Слоба.
-Ова го откривам првпат. Тоа ми го кажа негов соработник. Кога излезе од „Задруга“ и да сними песна, тој сакаше еден менаџер да му ја води кариерата. Тој човек кажа дека ќе сака, но под услов да не биде повеќе со Луна. Тој во истиот момент прифати да ја остави. За многу работи молчам, но за ова нема. И Луна заслужува ова да го знае“, вели Кристина.
-Не се работеше за љубов кон мене како се шпекулираше туку за негова лична корист. Кога слушнав, јас бев во шок. Кај него сė се врти околу материјалното. Тоа го дознав после 3 или 4 години. Дури и јас тогаш милсев дека ме сака и дека се кае. И Луна истото го мислеше. Многу грдо што човекот прифатил да ја остави поради кариера, вели Коцкар и додава дека ова морала да го каже бидејќи е време да се дознае целата вистина.
Инаку, Луна е во среќен брак со Марко Миљковиќ кој го запозна во „Задруга“ и ја имаат ќерката Миа.