Месец мај, месец на матури и матуранти… Така е секоја година, така е и оваа. Матурата не ги одбегна ќерките и синовите, внуците и внучките на сите оние чии најмили се средношколците од четврта година, па ни на некои од познатите и јавни личности.
Еден од од оние кои беа среќни и горди родители на своите матуранти беше и познатиот ТВ водителм, некогашен ДЈ и музичар, Јанко Илковски попознат по своето долгогодишно ТВ ток шоу – „Јади бурек“.
Јанко добро го познавате, ама кога ќе ја погледнете неговата ќерка Сара, од прва ќе сфатите дека се работи за вистинска убавица.
Со неа „ТВ бурекџијата“ за прв пат јавно се гордееше на социјалните мрежи кога таа ја славеше својата полуматура пред 4 години, во 2019-тата.
Времето бргу лета, па 4 години подоцна, Јанко и неговата сопруга како и целото семејство одново имаат иста причина за гордост, радост и среќа. Неговата, пардон, нивната Сара сега веќе вистинска девојка е матурантка.
„Почитувани дами и господа, пријатели, роднини, другари, познаници и сите добри, луѓе имаме матурантка, Сара.
Многу љубов, љубов и љубов во се, Господ со тебе“ – споделил гордиот и пресреќен татко на социјалните мрежи покрај фотографиите од својата ќерка при испраќањето на прослава на матурската забава. При тоа Јанко наместо да „јаде бурек“ , само се поклони и се стави во ситуација на „баци рака“ на својата ќерка.
А, младата русокоса убавица во деколтирана свилена тоалета во бисерна нијанса, со дискретен шлиц, плик чанта во слична нијанса и црни сандали со светкаво-сребрени детали и едноставна пуштена коса и дискретна шминка, која сосема и прилега на една матурантка. Нека е со среќа!
Фото: Фејсбук принтскрин/Janko Ilkovski