Со потоплото веме и типично летни температури, ограниченото движење поради корона вирусот на сите ни паѓа тешко.
Изминатиот викедн многумина се решија за рекреација надвот од градот, а меѓу тие беа и сестрите актерки Јана и Ана Стојановски.
Нивнта дестинација беше убавата и разеленета Попова Шапка каде ги полнеа градите со чист воздух, а духот со позитивна енергија. За тоа дополниутелно придонесе малиот Ненад, кој веќе е потпораснато бебенце кое личи на мама.
-Сестри и бебе во време на корона, напиша тета Ана во описот за фотографијата.
За потсетување, македонската актерка Јана Стојановкса во септември претходната година се породи во седмиот месец од бременоста и со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ станаа родители на нивниот син Ненад кој го носи името на неговиот дедо.