Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ изградија вистинска империја, па моментално уживаат во богатството кое го поседуваат.
Брена и Боба живеат со синот Виктор во луксузна куќа на Брежаниска коса, а покрај таа вила поседуваат и неколку имоти, автомобили и луксузна јахта.
Внатрешноста на вилата изобилува со детали во нијанси на беж и златна боја, на кои може да се забележи и позлата.
Во дворот има голем базен на две нивоа, кој е опкружен со зеленило. Познатиот пар поседува и стан во Црна Гора, во една од најскапите згради во Будва.
Тие купиле „кралски стан“, како што ги нарекуваат станови во луксузна зграда, а цената за метар квадратен е 4.000 евра. Кога се ќе се собере, ако станот што го зеле Брена и Боба е најмалку 70 квадрати, цената не е помала од 280.000 евра, пишува Телеграф.рс.
Покрај станот поседуваат и јахта на која уживаат секогаш кога имаат можност.
Цената на јахтата е неверојатни 6.000.000 евра, а поголемиот дел од времето на неа го поминуваат кога се на црногорското или хрватското приморје, каде често е закотвена во зимските денови.
Боба и пејачката поседуваат куќа во Мајами, каде што нивната соседка не е ниту помалку, ниту повеќе туку кралицата на попот, Мадона.
Брена призна дека неколку пати налетала на пејачката, но дека не разговарале. Покрај недвижен имот, брачната двојка поседува и неколку луксузни автомобили кои често ги користат за посета на луксузни дестинации.
Фото:Принтскрин/Зоран Илиќ/Инстаграм/lepabrena/