Гледачите на турските серии убавата, згодна и талентирана актерка Нургул Јесилчај ја препознаат по улогите на Ѓулсерен, Султана, Ѓулпери…
Таа е една од најбаратите и најплатените актерки во Турција, а освен тоа приватно се занимава и со трговија и модна, односно има сопствен бутик за венчаници кој го носи нејзиното име.
Нургул е активна на социјалните мрежи и редовно изненадува со по некоја објава, но овој пат навистина ги шокираше, а наедно и ги изнасмеа своите обожаватели со фотографија на која комплетно и е сменет личниот опис.
Нургул за потребите на еден филм кој е во реализација мораше да се маскира, односно да облече костим кој ќе ја направи да изгледа како да има 90 килограми, а згора на тоа и лицето и е изменето со додатоци од професионална шминкерска маска.
Иако некои помислија дека актерката се здебелила драстично, таа појасни дека се работи само за трансформација за филмска улога.
фото:инстаграм