Радио Милева

Ја спореди со Џеј Ло: Aна Бекута јавно ја пофали Елена Миленковска – „Не ја давам за ништо“ (видео)

Ја спореди со Џеј Ло: Aна Бекута јавно ја пофали Елена Миленковска – „Не ја давам за ништо“ (видео)

До четвртиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“  стигнаа и македонската претставничка Елена Миленковска.

Според новите правила, оваа сезона секој од кандидатите има свој ментор и тие во тим работат за претставување на кандидатот.

Елена за свој ментор уште во првиот круг ја одбра Ана Бекута со кого активно работи, а резултатите се гледаат на сцената на „Гранд“.

Во третиот круг, кандидатите настапуваат во дуели, а Миленковска настапуваше во дуел со Велдина и Садо.

фото: Принтскрин/јутуб

Македонката го воодушеви жирито и ги доби сите пет гласа што значи дека директно помина во следниот круг.

фото: Принтскрин/јутуб

Ана Бекута деновиве беше гостинка во емисијата „Ѕвезде Гранд Специјал“ каде ги коментираше своите кандидати, а меѓу нив и Миленковска.

Таа истакна дека се изненадила од Елена и јавно ја пофали.

фото: принтскрин/јутуб

„Јас навистина не очекував дека Елена ќе ги добие сите пет гласа. Навистина многу ме изненади. Кога дојдов на шминкање не ја препознав, таа се претвори во една мачка. Ја прашав „Елена ти ли си?“, а таа ми одговори: „Да јас сум“. Навистина изгледаше како Џеј Ло, ме воодушеви. Толку многу се труди. Морам да бидам искрена, не сметав многу на неа, но сега…не ја давам Елена за ништо“ вели Бекута во емисијата.

Од друга страна, самата Миленковска на својот „Инстаграм“ ја сподели изјавата на пејачката, а во описот напиша:

„Кога менторот ќе те пофали, добиваш мотивација да работиш уште повеќе“.

фото: Принтскрин/јутуб

Освен што работат заедно, Бекута наоѓа време и за дружење со нејзините кандидати, па на социјалните мрежи може да се види и по некоја фотографија од опуштена атмосфера.


Како Миелнковска ќе се претстави во четвртиот круг и дали ќе стигне до самото финале, останува да следиме во некоја од следните емисии.

https://www.youtube.com/watch?v=5ghd2zdqLLc

To top