Радио Милева

Ја прашаа Мелита дали би прифатила да биде во реално шоу – нејзиниот одговор нема многу да ве изненади

Ја прашаа Мелита дали би прифатила да биде во реално шоу – нејзиниот одговор нема многу да ве изненади

Македонските јавни личности за време на изолација се трудат да си најдат занимација во своите четири ѕида.

Тие времето го поминуваат така што читаат книги, гледаат филмови, се дружат со фановите на социјалните мрежи, држат концерти од своите домови и слично.

Некогашната македонска водителка Мелита Ракиќевиќ своето време во изолација го користи на разни начини, а меѓу нив и да одговара на прашања на нејзините следбеници.

Па така, сношти Мелита Мели како што е запишана на „Инстаграм“ се отвори за креативни и разни прашања.

Како успеваш да се расположиш во овој период?

„Си наоѓам убави бекства. Му се радувам на секој нов ден. Не сакам да паднам психички“.

Дали некој те има навредено до тој степен да изгубиш самодоверба или да се сомневаш во убавината?

„Навреди имало многу, но ниту ме допираат, ниту е можно да ми влијае. Јас сум изградена личност“.

 

Од кога готвиш, многу сум изненадена?

Цел живот готвам, посебно кога се омажив.

 

Гледаш ли „Задруга“? Дали би прафатила да бидеш во реално шоу?

„Гледам. И се чудам. Јас никогаш не би прифатила“

 

Што може да те изненади?

„Нечија добрина, ете тоа. Иначе ништо не може во денешно време да ме збуни, шокира или да ме остави без зборови“.

Мелита освен што добиваше разни и креативни прашања таа добили и комплименти, пофални зборови за нејзиниот изглед.

фото: инстаграм

To top