Марија Шерифовиќ неодамна во својата голема исповед за медиумите призна дека моментално не е во емотивна врска, а сега решила да им се посвети на следбениците на Јутјуб и да одговори на нивните најинтересни прашања.
Пејачката делеше совети, зборуваше за настапите, но зборуваше и за бракот.
Неколку прашања се однесуваа на љубовниот живот на Марија, но и нејзините планови, а таа искрено одговори на сите.
„Дали планираш да се омажиш веќе еднаш?“- гласеше прашањето.
„Еднаш, а можеби и ниеднаш“ – одговори накратко Марија на својот блог.
Фото: Инстаграм принтскрин/serifovic