Радио Милева

„Jа праша мајка ми да ме пушти да одам со него“: Карлеуша раскажа спомен со Шабан од пред 15 години и објави фотографија од моментот (фото)

„Jа праша мајка ми да ме пушти да одам со него“: Карлеуша раскажа спомен со Шабан од пред 15 години и објави фотографија од моментот (фото)

Јелена Карлеуша не се појави на погребот на кралот на српската народна музика кој беше вчера, а на истиот покрај семејството го испратија голем број пријатели, колеги, новинари, роднини, медиуми, обожаватели…

Меѓу нив не беше Јелена Карлеуша, но затоа на денот на погребот таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која има само 15 години, а е заедно со Шабан на нејзиниот прв настап.

-Пред 25 години, мојот прв настап и ете баш со Шабан.Вршац, градски хотел. Имав 15 години, Шабан ја праша мојата мајка да ме пушти да одам со него. Се уште немав почнато официјално да пеам, ниту имав снимено нешто.  Фотографијата е направена во бекстејџ, Шабан ме убедува дека не треба да се плашам кога ќе излезам на  бината. Последен поздрав пријателу и вечна слава…, напиша Карлеуша и се прости за последен пат од својот драг колега и пријател.

Притоа не ја наведе причината зошто не беше на погребот. Со оглед на тоа дека последен пат е фотографирана на аеродром, се претпоставува дека не присуствуваше поради тоа што е во странство.

To top