Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, вчера јавно го подржа светскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ.
Новак сношти се бореше во финалето на Вимбледон, а Колинда му посака среќа.
„На Новак Ѓоковиќ, на големиот човек и спортист, од срце му посакувам се најдобро во финалето. Чест ми е што имав прилика лично да го запознам, напиша Колинда на Фејсбук.
По овој статус набразо се огласи и Јелена Карлеуша.
„Ова што Колинда го подржа Новак на Вимбелдон ми е многу “кул“, напиша Карлеуша.
Инаку, Новак вчера победи во финалето на Вимбелдон и повторно е светски првак, додека пак Хрватска го освои второто место во Светско првенство.