Радио Милева

Ја откри вистината за здравствената состојба: Исповед на мајката на Деа Ѓурѓевиќ

Ја откри вистината за здравствената состојба: Исповед на мајката на Деа Ѓурѓевиќ

Нена Додевски, мајката на водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ првпат проговори како се чувстува нејзината ќерка откако е префрлена на Клиничкиот центар.

Иако нејзината здравствена состојба е подобра, Нена се уште секојдневно се моли за нејзиното здравје.

„Деа е многу подобро, оздравувањето тече како треба, сега може да ја гледам секој ден и пресреќна сум поради тоа. Самото тоа што е префрлена на интезивна нега, многу значи. Одлично е и се шегува како порано. Таа ми е се и понекогаш немам сила да ја гледам во болница, многу ми е криво, но таа ме бодри и ми вели дека се ќе биде во ред. Се гордеам со неа, посилна е од мене. Младен е покрај неа и дава поддршка“ вели Нена.

фoто: Инстаграм

Свршеникот на водителката, вели дека тој и е голема поддршка и дека цело време е покрај неа.

„Единствено што можам да кажам е дека лекарите одлично ја завршија својата работа.  Сега продолжува со своето оздравување на Клиничкиот центар. Можам да кажам дека сум им многу благодарен. Што се однесува до поддршката, не треба ни да се зборува, јас сум тука за неа“ вели свршеникот на Деа.

За потсетување, Ѓурѓевиќ на 7 февруари доживеа тешка сообраќајна несреќа кога автобус и ја откина раката.

To top