На еден ден откако го прослави својот 47-ми роденден, пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева славеше уште еден голем ден – својата венчавка.
Биба Додева повторно ја наде вистинската љубов и реши уште еднаш да му даде шанса на брачниот живот.
Бидејќи не е од оние што објавуваат детали од приватноста, овој момент за венчавката беше изненадување. Таа стана госпоѓа Шрепфлер, му кажа „да“ на својот сакан и се потипиша на венчалнот лист. Свечениот чин се случил на отворено во присуство на најблиските.
Фотографиите први ги објавија нејзините пријателки и соработнички.
Маја Бабиќ, проект менаџерот на здружението на Биба за борба против рак „Борка“ им честиташе на младите со фотографија од свечениот момент и коментираше:
„Ја дадовме невестата. Г-ѓа&Г-дин Шрепфлер, да сте вечни и љубовни засекогаш!“- напиша Маја
Честитка и уште една фотографија објави и поетесата и пријателка на Биба, Ана Бунтеска:
„Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша поетесата на Фејсбук.
Инаку, Биба Додева од првиот брак ја има ќерката Емануела, а пред пет години стана баба на внукот Хумберто Александар.
Им посакуваме среќен и исполнет брачен живот!
фото:Фејсбук/Маја Бабиќ/Ана Бунтеска