Радио Милева ни трага ни глас

Ја гледавме во повеќе серии кои се прикажуваа и кај нас: Познатата актерка изчезна по земјотресот што ја погоди Турција (фото)

Ја гледавме во повеќе серии кои се прикажуваа и кај нас: Познатата актерка изчезна по земјотресот што ја погоди Турција (фото)

Турската актерка Џансу Дере (42), според турските медиуми исчезнала по силниот земјотрес што ја погоди Турција.

Од актерката со денови нема ни трага ни глас, а јавноста е изненадена од фактот што за ова се уште не проговориле ниту семејството на популарната актерка.

Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм е од 5 јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Инаку, актерката која исчезна по земјотресот, во 2000 година стана Мис на Турција, но владата на нејзината земја и забрани учество на светскиот натпревар бидејќи таа година се одржа на Кипар, во грчкиот дел на Никозија.

Џансу остана без шанса да се бори за светската круна на изборот за убавина, па се посвети на образованието.
Атрактивната Џансу најмногу добиваше главни улоги во серии кои беа многу популарни и кај нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Џансу Дере, која важи за една од најплатените турски актерки, ги играше улоги во сериите „Сила“ и „Сулејман Величествениот“, „Прељубникот“, „Мајка“, „Езел“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Покрај актерството, Џансу продолжи да се занимава со манекенство, па често ги красеше насловните страници на модните списанија.

Џансу долго време беше вљубена во комичарот Џем Јилмаз, со кого беше свршена. Меѓутоа, голем скандал настанал кога дознала дека ја изневерил со нејзината најдобра другарка, со која набрзо добил дете.

По разочарувањето започнала врска со нејзиниот менаџер, но набрзо и тој ја оставил поради друга жена.

фото:Инстаграм принтскрин

To top