Радио Милева комуницирале телепатски

Ја „демнеше“ Ким Кардашијан и доби забрана за приближување (фото)

Ја „демнеше“ Ким Кардашијан и доби забрана за приближување  (фото)

Мажот кој  ја демнеше Ким Кардашијан штотуку доби забрана за приближување, пишува „Page Six“.

Петгодишната забрана против Андре Персауда беше одобрена во понеделникот во Лос Анџелес, според ТМЗ. На Персауд му е забрането да контактира со Кардашијан и да дојде на 100 метри од неа. Како дел од наредбата, му е забрането и да поседува какво било огнено оружје и мора да го предаде она што веќе го има. Реалити ѕвездата изјави пред судот дека Персауд се појавил во нејзиниот дом три пати во август, тврдела дека е вооружен и инсистирал на тоа дека тие двајцата комуницирале „телепатски“. Таа била загрижена дека тој може да стане и физички насилен.

Иако адвокатскиот тим на Реалити ѕвездата беше присутен на изрекувањето на пресудата, но  Ким Кардашијан не беше. На крајот на краиштата, таа е мајката на четири деца и имаше напорен викенд во Арт Базел во Мајами, каде што дебитираше со нова боја на коса, се повлече од соработката со Баленсијага поради скандалот што моментално го тресе светот и се забавуваше со мноштво ѕвезди.

Таа се врати во Лос Анџелес за да го прослави роденденот на нејзиниот седумгодишен син Сејнт. На својата приказна на Инстаграм, таа објави краток клип од пијанистот, добитник на Греми, Филип Корниш, кого го ангажираше да свири Божиќни песни за нејзините деца секое утро, исполнувајќи ја нејзината пространа дневна соба со звуци на роденденски песни.

– Среќен 7-ми роденден на сине – напиша  Кардашијан на Инстаграм.

– Те сакам многу! И сакам да те гледам како растеш во најљубезната душа. Мама те сака секогаш и засекогаш – додаде таа.

To top