Во станот на Аца Лукас во Вождовац во текот на вчерашниот ден упаднале извршители наводно поради долг од 80 000 евра што го должи на бизнисмен, пишува курир.рс
Имено, тие во придружба на шест полицајци се појавиле пред врата на пејачот. Како што пишува порталот, кога пристигнале пред домот на Лукас затекнале полиција и Брза помош, а на пејачот му се слошило.
Наводно, на фолкерот ми било лошо, а уште ми се влошила состојбата поради расправа со извршетелите. Освен тоа што се гушел, на пејачот му се зголелил и крвниот притисок. Пред станот на Аца имало голем број на луѓе, меѓу кои и медицинска сестра која им објаснувала на полицијата и изврштелите дека нема да може да влезат затоа што најверојатно пејачот е позитивен на корона. На прашањето зошто не го носат во болница, таа објаснила дека Аца одбива да биде тестиран во државна институција.
– Дали сака да оди во болница или не, тоа е неговиот избор – изјавила таа, а извршителот прашал дали Вуксановиќ има симптоми на ковид.
– Тој има температура и се гуши, но не знам дали е позитивен на Ковид се додека не биде тестиран. Но, ова се типични симптоми на корона – изјавила медицинската сестра.
– Дали е тестиран?, бил упорен извришителот, а сестрата одговорила дека Лукас го одбил тестирањето.
– Тој сакаше да се тестира приватно, но ако сега тргне со нас со Брзата помош во Воено-медицинската академија, веднаш ќе биде тестиран. Тој вели дека неговите проблеми траат седум дена. Сè уште не му го измерив крвниот притисок, но сè покажува на ковид. Не можам да го принудам да го направи тестот, тоа е негова лична волја – изјавила жената од Брзата помош.
Во тоа време, пред вратата се појавила и неговата адвокатка Јована Ралевиќ, која била со Лукас во станот. Полициските службеници ја замолиле да стави маска на лицето, на што таа рекла дека ја тргнала затоа што почнува да се гуши од стресот. Одземањето на имотот на фолкерот било неуспешно и се одложило до ново известување, па извршителите и полицијата се повлекле, како и Брзата помош.
Како што пишува курир.рс, извршителот не сакал да дава изјави бидејќи не требало да зборува за случајот, додека пак Аца не бил достапен за коментар.