Радио Милева
Богата наследничка

Израсна во вистинска убавица: Погледнете како денес изгледа ќерката на Мајкл Џексон (фото)

Израсна во вистинска убавица: Погледнете како денес изгледа ќерката на Мајкл Џексон (фото)

Парис Џексон, ќерка на популарниот пејач Мајкл Џексон, пораснала во вистинска убавица. Таа во животот поминала низ многу турбулентни периоди, но одолеала на многу предизвици и сега гради успешна музичка кариера.

Парис е родена во 1998 година, а уште оттогаш е во центар на внимание во светската јавност поради славата на нејзиниот покоен татко.

Без татко ѝ останала кога имала само 11 години, а мајка ѝ Деби Роу ја запознала на 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Од смртта на нејзиниот татко животот целосно ѝ се сменил, а тој ѝ го дал еден од најдобрите совети кои Парис ниту денес не го заборава:

„Никогаш не заборавај“, ѝ рекол Мајкл.

Со тага во очите Парис повеќе пати досега зборувала за односот којшто го имала со кралот на поп музиката.

„Доколку утре умрам, секогаш сети се што сум ти кажувал“, ги открила зборовите кои Мајкл ѝ ги кажувал.

„Го послушав неговиот совет и запомнив сè што ми зборуваше“, изјавила Парис кога ја прашале која е највпечатливата работа која ѝ останала од татко ѝ.

Таа често во јавноста зборува и за односот кој го имала со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

„Заедно вежбавме, имавме малку импровизирано снимање. Би ми кажал: во оваа сцена ќе плачеш, па јас ќе го направев тоа. Сакаше да ме воведе и во светот на музиката и глумата“, се присетила таа.

Парис повеќе пати се појавила во кампањите на „Келвин Клајн“ којшто ја поттурнал напред во понатамошно занимавање со глумата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Таа пораснала во прекрасна млада жена која има доволно пари да не работи ништо, но тоа не ја спречило да посака да ја гради својата актерска кариера.

Нејзиниот имот се проценува на над 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години ќе наследи третина од богатството на Мајкл, а колку што ќе биде постара, така толку повеќе пари ќе добива.

фото: Инстаграм принтскрин/Парис Џексон

Останати вести од Радио Милева