Откако започна кризата од корона пандемијата, сите останавме изолирани дома, а како мажите, така и жените, подолг период заборавија на фризерски и козметички салони.
Сега кога рестриктивните мерки полека олабавуваат, а салоните почнаа со работа- сите правец на средување.
Мажите пуштија коса каква и самите не виделе, жените останаа без фарбање, фенирање, убаво лакирани нокти… Е сега, едни беа меѓу првите да се стокмат како што е ред, а пак други се уште не седнале на столчето кај своите стилисти.
Еден од нив е и победникот на „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески.
Тој објави фотографии на кои се рекреира во природа, а од истите може да се забележи дека има подолга брада и коса од вообичаено.
Што мислите како му прилега?