Пејачката Кија Коцкар вели дека љубовта е најголема мотивација во нејзиниот живот, а сега откри и што прави на „Денот на вљубњните“.
„Сакам да им честитам на сите кои го слават Свети Трифун или Денот на вљубените. За мене секогаш е денот на виното“, изјави Кија.
Потоа, откри која е најлудата работа која ја направила за љубовта.
„Се омажив, тоа е најлудото нешто што го направив за љубов“, вели пејачката.
„Јас и понатаму ја негувам љубовта, и не изгубив верба во верноста, почитувањето, љубовта меѓу пријатели, партнери, семејство. Не ми недостига љубов, исполнета сум во секоја смисла“, вели Коцкар.
На прашањето дали повторно би се омажила, таа вели:
„Цврсто стоим на земја. Не се плашам повторно да се омажам, а и не морам. Уште сум млада, има време за тоа. Различно сакаш кога си млад и кога си во зрели години. Никој не сакаш на ист начин, секоја љубов е различна и посебна“, вели Кија за „Премиера викенд специјал“.
За крајот на интервјуто, таа му подари чокаладо на водителот, а една чоколада испратила и на сопругот Слоба Радановиќ и со овој потег изненади многумина.
„Ова чокалада е подарена од срце, како пријател на пријател“ изјави Кија.
Потсетуваме, Кија и Слоба беа во брак, а по завшрувањето на „Задруга“ каде што Радановиќ ја изневери Кија со Луна Ѓогани, парот се разведе.