Лепа Брена гостуваше на вториот концерт на нејзината снаа, младата и успешна пејачка Александра Пријовиќ.
Моментот кога двете ја изведоа песната „Посакај среќа на другите“, расплака многумина од публиката, но и двете, па се смета за еден од најемотивните моменти од сите три концерти.
Убавата Брена специјално и долго се подготвувала за овој момент, а сега се појави видео на кое можеме да видиме како пејачката се подготвува за настапот.
Додека фризерката и ја средува косата, Брена мирно седела, веќе облечена во костим, со цигара во рацете.
Ова е ретка глетка да се види српската ѕвезда со цигара, па многумина се прашуваат дали тоа е еден од нејзините пороци.
@dimitrijevokicHer Majesty Lepa Brena 👑♬ Jugoslovenka – Lepa Brena
Досега сме имале можност еднаш да ја видиме во јавноста со томпус како и наргиле, но ова за прв пат држи електронска цигара.
фотот:Tik-Tok printskrin/Instagram