Радио Милева „Maxim“ селектира

Избрани најжешките 100 жени од шоу-бизнисот за 2022 година, а ова е пбедничката (фото)

Избрани најжешките 100 жени од шоу-бизнисот за 2022 година, а ова е пбедничката (фото)

Познатото списание „Maxim“ ја прогласи актерката Марго Роби за најсексапилна жена за 2022 година.

Австралиското издание на списанието ја објави својата годишна листа „Hot 100“ за 2022 година, на која се најдоа најуспешните и најубави жени од шоу-бизнисот, спортот и поп-културата. На врвот на оваа листа се најде 32-годишната актерка Марго Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна линија во пресрет на прикажувањето на најновиот филм „Babylon“.

Ова е рекорден трет пат Роби да се искачи на врвот на „Hot 100“. На второ место се најде фудбалерката Сем Кер, а на третото е австралиската тенисерка Еш Барти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAXIM Australia (@maxim_aus)

Роби неодамна стана и најдобро платена актерка во Холивуд за оваа година, благодарение на хонорарот за филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервиг. Според пишувањата на „Variety“, австралиската актерка била платена неверојатни 12,5 милиони долари да глуми со Рајан Гослинг како Кен, во овој долгоочекуван филм настанат по истоимената култна кукла.

На листата се најдоа и некои жени кои можеби не ги очекувате на неа како поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој во 2020 година го промени полот од машко во женско, како и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)

Главниот уредник на „Maxim“, Санти Пинтадо, изјавил дека листата за 2022 година „продолжува да ги слави извонредните жени кои оваа година влијаеја и импресионираа со нивната способност, интелект, хумор, дрскост и севкупен мегаталент“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)

„Од спортистки до актерки, од комичарки до ТВ ѕвезди, од музичарки до политичарки и водителки на вести до модели и инфлуенсери, листата на „Maxim Hot 100“ за 2022 година опфаќа фантастично разновидно поле кое нема да ги разочара нашите верни следбеници и сите Австралијци“, додал тој.

фото:Инстаграм/Getty Images/Profimedia

To top