Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции.
Официјалниот датум на оддржување на фестивалот е 24.08.2023 на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола.