Рики Мартин и неговиот сопруг Џуан Јосеф објавија дека добија син на кој му го дале името Рен Мартин – Јосеф.
„Нашиот син Рен Мартин Јосеф се роди денес“, напиша пејачот во описот на фотографија каде позираат заедно со бебето, а очигледно името е комбинација од она на пејачот и неговиот партнер.
На пејачот и неговиот сопруг ова е четврто дете, а веќе ја имаат ќерката Лусија, а преку сурогат мајка добија и близнаци.
Рики Мартин својата љубов ја круниса со брак минатата година, а обожавателите на славниот пејач се воодушевени од приноватаи постојано испраќаат пораки со честитки.