Ивона Јовановиќ од Куманово на македонската јавност и е позната по нејзиното учество во двете сезони на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Откако, не успеа да се пласира во првите 12 кандидати и го напушти музичкото шоу, Ивона истакна дека повеќе не се враќа во Гранд.
Меѓутоа, таа не запира на музички план. Деновиве, го сними својот прв сингл, односно песната „Убав е овој свет“, за кој снимаше и спот.
Текстот и музиката се дело на Филип Неделковски, а арнжамнот на Дарко Тасев. Видеото е дело на Давид Радицевски и Александар Ризински, а во продукција на Давид Радицевски и Александар Комненовиќ.
За модел во спотот, Ивона го одбра нејзиниот пријател Марио.
Погледнете како изгледа првата песна на Ивона.