Пејачката Ивана Петерс претходните сезони соработуваше со кандидатите од „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, таа беше дел од тимот на Јелена Карлеуша и заедно со Мира Шкориќ ги подготвуваа и кандидатите. Кога почина мајката на Карлеуша и пејачката отсуствуваше од музичкото шоу, Ивана седеше на нејзино место во жирито.
Оваа година, Јелена ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и на нејзино место дојде Цеца Ражнатовиќ.
Цеца и се јавила на Ивана и ја повикала да биде дел од нејзиниот тим, а во таа прилика и потенцирала дека Петерс веќе има искуство со работа со кандидатите.
„И оваа сезона ќе работам со кандидатите со „Ѕвездите на Гранд“, во тимот кај Цеца Ражнатовиќ. Цеца ми се јави и ме праша дали сакам да работам со кандидатите бидејќи тоа веќе ми е познато и мене ми беше сосема океј“ изјави Ивана за телеграф.рс
„Јас сум професионалец, Цеца е професионалец. Сите си ја работат работата“ додаде пејачката.
На прашањето како изгледа работата со кандидатите од тимот на Цеца, таа вели:
„Само што започнав да работам со кандидатите, рано е да зборувам за тоа, почеток е, малку работев со нив“, изјави Ивана.
Инаку, Карлеуша го напушти музичкото шоу бидејќи сака да се посвети на издавањето и промоција на нејзиниот нов албум.
фото: зорана крстиќ/весна лалиќ/рас комбо/инстаграм/ивана петерс