Ивана Петерс моментално ја менува Јелена Карлеуша во жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а како што признава самата, не и е лесно да го заземе местото на својата колешка.
-Ми требаше време да се опуштам, сега ми е полесно отколку на првите две снимања. Не е лесно да се биде замена на Карлеуша, бидејќи луѓето очекуваат шоу. Јас не сум Јелена, но се надевам дека моето учество вроди со плод, вели Ивана и објасниува дека се слуша со Јелена. Ивана открива дека сега почнува да влегува во расправија со останатите колеги, но дека тоа не е злонамерно.
-Со сите се скарав освен со Саша поповиќ. Можеби му е глупаво да се кара со мене бидејќи не ме запознал добро, па не смее. Од друга страна, Марија и самата кажа дека она гледа се црно или бело и по тоа е посебна, истакнува Петерс и додава дека многу кандидати бараат да им држи часови по пеење.
-Планирам сериозно со тоа да се занимавам, бидејќи многумина кандидати бараат да им држам часови по пеење, додава Ивана.