Промотер

Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО)

Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО)

Мултиинструменталистот, член на триото на Влатко Стефановски и син на македонските фолк легенди, брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ, младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера.

Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“.

Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар.

“Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар.

Иван неодамна потпиша договор со најголемата и најпозната издавачка куќа во региот – „кроација рекордс“, за која во 2023 година треба да го издаде својот прв солистички албум. На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик.

Музиката за првиот пилот сингл „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а обајцата заеднички се погрижиле за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за одличното видео во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски.

Иако е многу млад, Иван веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Очекувањата од Иван се големи, но нема сомнеж дека ќе ги оствари со посветеноста кон музиката  и наследениот талент окој го поседува од родителите.

Во продолжение погледнете го видеото за неговиот  деби сингл „Балада за една љубов“ (КЛИКНИ ТУКА):