По турбулентната година во која беше многу повеќе приватно отколку професионално во фокусот на јавноста, по се’ што му се случуваше во пропаднатата врска со сега веќе бившата девојка Антониа Гиговска, пејачот на „Либеро бенд“, харизматичниот Иван Јованов неодамна одново ја шокираше јавноста.
И тоа повторно со сегмети од приватниот живот, но овој пат во вид на пријатни вести кога од нигде – никаде, како „гром од ведро небо“ обзнани дека наскоро ќе стане татко. Ја претстави во јавноста и својата нова избраничка, охриѓанката Ивана Зимбо, а обајцата и јавно открија дека очекуваат женско дете, односно ќе станат родители на ќеркичка.
Иван, со исклучок не едно интервју за „Бекстејџ“, за она што му се случуваше малку сакаше да зборува во јавноста и досега, но сега реши да седне на „жешкото столче“, да ја отвори душата и на некој начин јавно да се исповеда.
Пејачот во старт призна дека во вакум периодот меѓу двете сериозни врски- онаа со Антониа и оваа, која би требала да заврши со брак со Ивана, скршил многу женски срца. За идната животна сопатничака пејачот вели:
“Ивана е девојка која не беше експонирана во јавноста и мислам дека така и ќе остане. Приватноста овој пат ќе ја зачуваме за себе. Од најблиските пријатели, семејството не криев дека сме заедно, но повеќе бевме во Охрид, каде нашето опкружување се дружеше со нас и знеше за нашата врска…“ – раскажува пејачот. Тој вели дека му се исполнила желбата за обете нешета – и да има дете и тоа да биде женско, зашто поскавул ќерка, но второто би сакал да биде машко, зашто смета дека девојките се позрели додека растат, па сестричката ќе го учи помалото братче. Името на ќеркичката се’ уште не го открива, иако вели дека не мрази ниту едно име, но сепак не ги преферира баш оние старите, како и имињата кои се некекво клише и често употребувани.
„Она што најважно, јас сум веќе оддамна подготвен за улогата татко и знам да чувам деца“ – порачува Иван. Што се однесува до свадба… Ќе направиме венчавка со матично, а свадбата ќе почека најпрвин да се роди девојчето, па потоа може да направиме голема свадба“ – додава тој.
Кога е неговата приватност од блиското минато во прашање, Иван вели дека по разделбата со Антониа Гиговска само еднаш и тоа случајно се сретнале во еден скопски мол на поминување и толку. Никаква комуникација понатму не постоела меѓу нив, ни непосредно пред, ниту по породувањето на пејачката.
За конкуренцијата и плановите со „Либеро бенд“, настапите дома и во дијаспората, трачевите за себе и односот на медиумите, дали ќе се пресели да биде „охидски (дома)зет“, дали и’ ја честитал на бивашата девојка приновата, дали се плаши дека некој „ нов другар“ би можел да му ја „украде“ идната сопруга Ивана или сега научил да ги бира и другарите и девојките… во разговорот подолу на „Жешкото столче“ на кое Иван Јованов седна да разговара со неговиот домаќин Никола Трпковски.