Пејачот Пеѓа Меденица е итно опериран, а поради операцијата мораше да ги откаже сите настапи.
Имено, според српските медиуми, Пеѓа ги оперирал гласните жици, операцијата поминала добро, а пејачот моментално не може да зборува.
Инаку, Пеѓа е во брак со Јована и во љубовта уживаат веќе 24 години, а таа речиси никогаш не се експонира во јавност.
Сепак, неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм имаат можност да ја видат на некои негови фотографии.
-Не ја кријам сопругата, ниту имаме некаков договор да не се појавуваме заедно на јавни места, едноставно така е, не и се мешам на жена ми во работата – изјави тогаш Меденица.
View this post on Instagram
Пеѓа моментално во закрепнувањето ја има најголемата поддршка од саканата која е постојано до него.
фото:Инстаграм принтскрин/јутјуб