Големиот газда по емисијата „Прашања на гледачите“ испрати писмо на адреса на Белата куќа.
Овонеделниот лидер Марко Марковиќ ги собра задругарите околу црната маса и им прочита итно соопштение.
Имено, од „Задруга“ побегнаа Снежана Богдановиќ и Иван Нешковиќ кои беа дисквалификувани.
– Задругари, ве известуваме дека Снежана Богдановиќ и Иван Нешковиќ се дисквалификувани од „Задруга“ и дека и двајцата потпишале изјави со кои гарантираат дека на Телевизија Пинк ќе и платат по 50.000 евра казна. Голем шеф – читај Марко.
Да потсетиме, за време на рекламата во емисијата „Прашања од гледачите“ се случуваше драма на капијата. Имено, поради прекршување на правилата од страна на Марко Марковиќ, само тој во понеделникот отишол во продавница, а не успеал да купи и сподели со задругарите се што порачале.
Поради ова, Снежана Богдановиќ и Иван Нешковиќ денеска сакаа да ја напуштат „Задруга“.
Лепи Миќа успеа да ги смири.
– Слушајте ме, останете, седнете внатре, ќе разговараме за се’, ќе направиме циркус, слушајте ме – им рекол.
фото:Јутјуб принтскрин/Задруга