Италијанскиот плејбој и милионер кој редовно привлекува внимание со неговиот луксузен живот и оригиналните идеи, Џанлука Ваки (52), заедно со својата свршеница го откри полот на бебето што го очекуваат.
Видеото кое тој го објави на Инстаграм ги разнежни сите, особено женскиот дел од неговите следбеници, бидејќи тоа беше како сон, а за само неколку часа објавата достигна повеќе од 5 милиони прегледи.
Џанлука со манекенката Шерон Фонсека, 27 години помлада, стоеше на средина од дворот, додека над нив леташе хеликоптер, кој исфрли розов прав и со тоа му откри на парот дека станува збор за девојче.
View this post on Instagram
We’re happy to share with you our baby’s gender reveal ❤️ @sharfonseca #gvlifestyle
– Среќни сме да го споделиме со вас полот на бебето што го чекаме – напиша милионерот.
За да ги направат работите уште поромантични, куче стоеше до нив, и кога сфатија дека станува збор за девојче, Шарон плачеше. Покрај сето тоа, во позадината на снимањето има и романтична песна.
– Те чекаме, нашата мала принцезо. Мама и тато те сакаат – рече Џнлука на крајот.