Старлетата Сораја Вучелиќ неодамна се породи и на свет донесе здраво момче на кое родителите му го дадоа името Кан.
Иако во последните месеци целосно се повлече и ја криеше информацијата дека е во блажена состојба до скоро големиот ден, Сораја пред породувањето беше фатена од будното око на папараците на загрепскиот аеродром.
Носела еден куп чанти од познати светски брендови, а беше крајно оскудно облечена, иако надвор беше минус.
Бременоста не ја спречи да се појави во многу предизвикувачко издание, краток фустан, екстремно високи потпетици и бунда беа дел од нејзиниот аутфит.
Старлетата потоа била фотографирана во ресторан со познаник, а потоа се упатила во луксузен хотел.
фото:Папарацо Лов/ принтскрин Јутјуб